Крис Пол ја скрши раката, го чека долга пауза

Искусниот бек на Голден Стејт, Крист Пол ја скрши раката во натпреварот со Детроит, кој неговиот тим го доби со 113-109. Повредата се случи во третата четвртина кога се обиде да собере топка, и дојде во контакт со Џејд Ајви.

Пол ќе биде опериран следната недела, по што го очекува долга пауза. Голден стејт се огласи по повод повредата на 38-годишниот кошаркар, и очекуваат да се врати во финишот на сезоната.

„Тешко е, се чувствувам лошо поради Крис. Знам дека веќе имаше неколку операции на раката. Видов како се држи за рака, и веднаш се загрижив“, рече тренерот Стив Кер по мечот.

Се вчитува...