Крис Пол, еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА, го објави своето пензионирање. Тој ја потврди одлуката на Инстаграм кратко откако Торонто Репторс го отпуштија во петокот, со што заврши кариера од 21 сезона. Се реши да се повлече на 40 години.
Тој напиша дека кошарката секогаш ќе биде неговиот живот и дека секогаш имал искрени намери додека настапуваше за неколку НБА екипи.
„Тоа е тоа! По повеќе од 21 година, се повлекувам од кошарката“, напиша Пол во долга изјава.
„Иако поглавјето „НБА играч“ е завршено, кошарката засекогаш ќе биде дел од мојот живот и мојата ДНК. Поминав повеќе од половина од мојот живот, што опфаќа три децении, во НБА. Лудо е дури и да се каже тоа! Заработувањето за живот од кошарката беше неверојатен благослов, но и огромна одговорност.Го прифатив сè, и доброто и лошото. Како некој што отсекогаш учел, знам дека лидерството е тешко и не е за оние со слабо срце. Некои ќе ве сакаат, а многумина нема. Но, целта отсекогаш била јасна, а моите намери отсекогаш биле искрени. Обожавам да се натпреварувам! Прекрасно е чувството да се знае дека ја играв и ја третирав оваа игра со најголемо почитување уште од денот кога татко ми ме запозна со неа“, напиша тој.
Пол во својата кариера играше за Њу Орлеанс, ЛА Клиперс, Хјустон Рокетс, Оклахома, Феникс Санс, Голден Стејт, Сан Антонио и Торонто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

