Крис Пол во „аут“ уште најмалку десет дена

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Крис Пол ќе биде надвор од теренот најмалку уште десет дена, пренесува НБА франшизата. Искусниот бек се стекна со повреда на левата рака на загревањето на средбата против Детроит на 5. јануари поради која мораше да помине и низ оперативен зафат.

Очекувањата беа дека ќе се врати пред почетокот на Ол-стар викендот, но и покрај тоа што рехабилитацијата се одвива во посакуваното темпо, Голден Стејт нема да брза со одлуката за негов камбек и ќе му даде дополнителни десет дена одмор пред повторно да помине низ медицински преглед.

Во деветнаесеттата сезона во НБА лигата Крис Пол бележи просек од 8.9 поени, 7.2 асистенцци и 3.8 скокови по натпревар на 32 одиграни натпревари и е значаен дел од тимот кој во моментот се бори за место во плеј-инот со биланс од 26 победи и 26 порази.

Се вчитува...