Крис Сатон за Челси: Лудаците ја презедоа лудницата

Поранешната голгетерска ѕвезда на Премиер-лигата и освојувач на шампионската титула со Блекбурн и најдобриот стрелец за сезоната ’98, Крис Сатон има најбрутален коментар за инцидентот што ја разбранува фудбалската јавност во кој голманот на Челси го одби барањето на менаџерот Сари да биде заменет. Во еден дел од кариерата, Сатон настапуваше и за Челси.

„Тоа е бунт, анархија, беззаконие. Ситуацијата таму најдобро се опишува вака: Лудаците ја презедоа лудницата. Не сум видел понемоќен менаџер од Сари. А однесувањето на другите играчи во тие момент зборува се за оваа група граѓани. Тие не се екипа и затоа во блиска иднина нема да освојат ништо“ – вели Сатон.

И Сари и Кепа се обидоа да го неутализираат инцидентот тврдејќи дека било недоразбирање. Челси денеска го казни Кепа со 225 илјади фунти. Тој и натаму останува дел од првиот тим.

 

 

Се вчитува...