Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед го продолжи договорот со дефанзивецот Крис Смолинг. Тој стави потпис на верност до 2022 година и во наредните четири години останува на „Олд Трафорд“.
„Ова е моја деветта сезона во клубот и среќен сум што ќе го продолжам престојот. Огромна чест е да се носи дресот на Манчестер јунајтед и сега сите во тимот сме фокусирани на згуснатиот распоред на натпревари што ни претстојат. Се надевам дека ќе имаме одлични резултати“, изјави Крис Смолинг за официјалниот сајт на клубот.
Манчестер јунајтед му гостува на Ливерпул на „Енфилд Роуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА