Криштопанс оди кај Раул во ПСЖ?

Десниот бек на Вардар, Даинис Криштопанс од следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ каде тренер е Раул Гонзалес.

Според порталот Handball-Planet.com, Криштопанс во ПСЖ ќе биде замена за Хрватот Лука Степанчиќ кој не се снајде најдобро во парискиот тим на позицијата која ја дели со еден од најдобрите француски ракометари – Недим Ремили.

За 28-годишниот Даинис Криштопанс реализацијата на овој трансфер ќе биде продолжување на соработката со Раул Гонзалес со кого работеше и кога дојде во Вардар од Мешков Брест во 2017 година.

Со овојнајавен трансфер веќе се потврдуваат и шпекулациите дека на крајот на сезоната се растура и овој состав на поранешниот европски шампион. Претходно беше најавено дека на крајот од сезоната „црвено-црните“ најверојатно ќе ги напушти и Вуко Борозан за кого постои интерес од Барселона.

Се вчитува...