Англискиот премиерлигаш Кристал Палас вчера се раздели со Сем Алардајс, кој си замина од клубот и покрај тоа што успеа да обезбеди опстанок и ја исполни целта, но одлучи да стави крај на својата менаџерска кариера. Раководството на клубот реагираше експресно и веќе му испрати понуда на италијанскиот стратег Клаудио Раниери, кој пред две сезони на неверојатен начин му донесе шампионска титула на Лестер. Изминатава сезона, пак, во текот на шампионатот доби отказ од клубот.
Претходно, и Ватфорд истакна дека го посакува Раниери на кормилото, откако ја раскина соработката со Валтер Мацари. Но, Раниери ја одби оваа понуда, истакнувајќи дека сака да ужива во одморот во својата родна земја. Дали за понудата од Кристал Палас ќе го промени мислењето, останува да се види во наредните неколку дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА