Кристал Палас приреди вистински шок во 33. коло од Премиерлигата славејќи со 0-1 на гостувањето на „Енфилд“ против фаворизираниот Ливерпул.
Стелецот на победоносниот гол беше Езе кој ја затресе мрежата во 14. минута, а и покрај тоа што и двата тима до крајот на средбата имаа голем број шанси за изендачување или пак заверување на победата, мрежата на Алисон и Хендерсон остана недопрена.
LIVERPOOL ARE FINISHED!!!! What a goal by Eze pic.twitter.com/wLO4KnPkWX
— Jacky (@MCFC_Jacky) April 14, 2024
Во исто време во Лондон се играше градското дерби помеѓу Вест Хем Јунајтед и Филам кое заврши со гостинска победа од 0-2 благодарение на головите на Андреас Переира во 9. и 72. минута.
Со денешниот пораз Ливерпул претрпе голем удар во битката за титула во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА