Англискиот премиерлигаш Кристал Палас експрено ја одби првата понуда на Јувентус за трансфер на Жан-Фелике Матета.
Понудата изнесуваше позајмица вредна два милиони евра до крајот на сезоната со обврска за откуп на неговиот договор со дополнителни 28 милиони евра, но само доколку Јувентус се пласира најмалку во Лига Европа.
Англичаните се револтирани од понудата бидејќи не само што не ги исполнува финансиските барања од 40 милиони евра, туку во истата има и опција за негово враќање во Кристал Палас, нешто што не е во планот на премиерлигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

