Кристал Палас ги надмина очекувањата и славеше со 1-3 на гостувањето кај Брајтон во 16. коло во Премиерлигата стигајќи до презначајни три бода во битката за опстанок во елитниот англиски фудбал.
Победата гостите ја најавија со два брзи голови во 27. и 33. минута. Првиот го постигна Чалобах на асистенција на Сар, а потоа и самиот Сара се запиша во листата на стрелци. Овој фудбалер донесе и предност од 0-3 за својот тим со вториот гол во 82. минута, а поразот го ублажи Гуехи со автогол во 87. минута.
Great day at the seaside with my friends.#CPFC // #BHACRY pic.twitter.com/YlRTHKySI1
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) December 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА