Кристал Палас пред неколку дена инкасираше 70 милиони фунти од Арсенал за Еберечи Езе, а сега на ред доаѓаат купувањата, односно влезните трансфери. Тимот на Палас сака да се засили за настапите во Премиерлигата.
Прв пик на англискиот тим е играчот на Атлетико Мадрид, Конор Галагер. Галагер нема голема минутажа во шпанската екипа, и е на добар патда се врати во Англија, каде настапуваше во тимот на Челси.
Според информациите, Палас ќе проба прво со позајмица на една сезона, со право на откуп, а веројатно во потрагата по поголема минутажа, Галагер нема ништо против да се врати во англиската Премиерлига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

