Кристал Палас ќе ризикува со Еден Азар

Белгискиот фудбалер Еден Азар, би можел наскоро да се врати во Премиерлигата и да потпише со Кристал Палас, тврдат англиските медиуми. И покрај тоа што имаше интерес од Саудиска Арабија, Белгиецот сака да остане во Европа и да игра во некој од заинтересираните клубови.

Наводно Кристал Палас е подготвен да ризикува и да го ангажира Азар, иако тој е далеку од својата најдобра форма, и прашање е колку ќе може да одговори на предизвикот со оглед дека има и проблеми со килограмите.

Азар е прогласен за едно од најголемите промашувања во историјата на Реал Мадрид, откако за 115 милиони евра дојде во Мадрид од Челси во 2019 година. Реал исто така му исплати и околу 30 милиони евра за плати и бонуси. За возврат одигра само 76 меча, постигна седум гола и 12 асистенции.

Се вчитува...