Кристал Палас – лузерите што го одбија Ван Дајк за 5 милиони евра

Фудбалот памети многу примери во кои лошите проценки довеле до одбивање на играчи кои подоцна прават неверојатни кариери, а еден од нив е врската помеѓу Кристал Палас и Вирџил ван Дајк.

Имено, холандскиот стопер во 2015 година пред преселбата во Саумтемптон бил блиску до премин во Кристал Палас за само пет милиони евра, но главниот скаут го проценил како преспор, открива легендарниот тренер Нил Варнок.

„Еден од оние кои ми „избега“ беше Виргил ван Дајк. Имав опција да го купам во Кристал Палас за 5 милиони евра, но главниот скаут го процени како преспор и на крајот заврши во редовите на Саутемптон. Штета, бидејќи можеби е поспор од некои други стопери, но надокнадува со перфектната визија и читање на играта“, изјави Варнок.

Одличните настапи на Ван Дајк за Саутемптон му донесоа трансфер од 84.6 милиони евра во Ливерпул во 2018 година, а сега 30 годишникот беше еден од клучните играчи во освојувањето на Лигата на Шампионите, Премиерлигата и англиските Купови.

Се вчитува...