Кристал Палас му подготвува отказ на Гласнер, веќе познат неговиот заменик

Иако пред неколку недели австрискиот тренер Оливер Гласнер кажа дека оваа сезона ќе биде негова последна на клупата на Кристал Палас, англискиот тим ја разгледува можноста да му врачи отказ, по разочарувачкото „реми“ против Зрињски во првиот меч од плеј-офот во Лигата на Конференции.

Сепак, Австриецот може да добие отказ пред завршувањето на сезоната, пишуваат англиските медиуми. Палас оваа сезона не игра според очекувањата, па затоа раководството веќе размислува да му ја покаже вратата.

Според англиските медиуми, раководството на Палас веќе има подготвено и негова замена. Станува збор за доскорашниот тренер на Тотенхем, Томас Франк. Франк доби отказ неодамна од Тотенхем по слабите резултати во Премиерлигата, па токму Данецот е сериозен кандидат да го наследи Гласнер на клупата на Палас.

Се вчитува...