Кристал Палас не знае за пораз во ПЛ, овојпат „жртва“ беше Арсенал (ВИДЕО)

Екипата на Кристал Палас ја продолжува победничката серија, а овојпат на свој терен убедливо го поразија Арсенал со 3-0 во рамки на 31. коло од англиската Премиер-лига.

Натпреварот го отовори Жан-Филип Матета уште во 16. минута, а „топџиите“ доживеаа целосен ремонт по голот на Џордан Ају во 24. минута. До крајот на полувремето Кристал Палас во целост ја држеше топката под своја контрола, па на пауза се замина со 2-0.

Домашниот тим рутински го одигра второто полувреме, успевајќи да го неутрализира Арсенал на средината од теренот. Вилфред Заха во 74. минута усеа по тертпат да ја затресе мрежата на гостите, па со овој гол го постави и конечниот резултат на овој меч.

 

https://reoa92d.com/uploaded/1649099804.mp4#t=0.1

 

https://reoa92d.com/uploaded/1649100244.mp4#t=0.1

 

https://reoa92d.com/uploaded/1649104394.mp4#t=0.1

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...