Кристал Палас го освои ФА Купот и со тоа осигура место во Лига Европа, но постои можност англискиот тим да не биде дел од „европскиот крем“ поради правилото на УЕФА за забрана за настап на клубови со ист сопственик во исто европско натпреварување.
Имено, сопственикот на лондонскиот тим, Џон Текстор кој има 45 отсто од акциите во Кристал Палас во исто време е и мнозински сопственик во Олимпик Лион преку својата „Игл холдинг“ групација.
Правилото наведува дека право на настап ќе има тимот кој завршил на подобро место во домашното натпреварување (во овој случај Олимпик Лион заврши на шесттата позиција во Лига 1, а Кристал Палас на 12. место во Премиерлигата), но Англичаните се надеваат дека на состанокот со претставниците на УЕФА ќе најдат решение бидејќи американскиот бизнисмен е сопственик на само 25 отсто од акциите во францускиот тим и нема право на носење на одлуки самостојно.
Во случај УЕФА да го добие Кристал Палас тоа би значело дека тимот ќе остане без место во Европа бидејќи сопственикот на околку 10 отсто од акциите во Кристал Палас, Дејвид Блицер е мнозински сопственик на данскиот Бронди кој сезоната ја заврши на третото место и ќе игра во Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

