Фудбалерите на Кристал Палас стигнаа и до вториот трофеј во нивната историја откако во Комјунити шилд по пенали славеа над Ливерпул со 3-2, откако по 90 минути беше 2-2.
Само четири минути и беа потребни на новата аквизиција на „црвените“ Екитике за прв гол и водство од 0-1. Палас израмни на 1-1 преку Матета од пенал во 17. минута.
Ново водство за Ливерпул (1-2) донесе уште едно од новите засилувања Џереми Фримпонг во 21. минута. Сар во 77. минута израмни на 2-2, па новиот шампион во Комјунити шилдот судбината одлучи да се реши по изведување на пенали.
Таму и двата тима не се прославија во изведувањето на пеналите, но посреќни беа фудбалерите на Кристал Палас кои славеа со 3-2.
Crystal Palace vs Liverpool penalty shootout'
byu/gbogaz insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

