Кристал Палас победи со пресврт, Њукасл ја прекина серијата порази (ВИДЕО)

Шефилд Јунајтед два пати водеше на гостувањето во Лондон кај Кристал Палас, но на крајот загуби во 3-2. Домашниот тим се радуваше на победата, благодарение на Олисе, кој запиша две асистенции и еден гол.

Бреретон Дијаз уште во 1. минута го шокираше „Селхурст Парк“ во Лондон и го донесе Шефилд во предност. Езе во 17. минута израмни. Мекати во 20. минута за нова предност на Шефилд, и повторно брзо израмнување – Езе во 27. минута.

Во второто полувреме Кристал Палас подобар тим, а тоа го материјализираше Олисе во 67. минута.

Њукасл после четири последователни порази, дојде до победа. Славеше во Бирмингем на гостувањето кај Астон Вила со 1-3. Фабијан Шер во 32. и во 36. минута брзо ги донесе гостите до предност од 0-2. Автоголот на Морено донесе и 0-3 во 52. минута, а Воткинс во 71. минута само го ублажи поразот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...