Кристал Палас сака да го врати Ван-Бисака

Кристал Палас е заинтересиран во своите редови да го врати Арон Ван-Бисака, кој дојде на голема врата во Манчесер Јунајтед во 2019 година, но не ги оправда очекувањата од раководството и од навивачите на Јунајтед.

Во 2019 година, десниот бек „слета“ на „Олд Трафорд“ за сума од 50 милиони фунти, но никогаш не успеа да се наметне и да биде во стандарден во првите 11.

„Скај Спортс“ пишува дека Палас ја разгледува опцијата да го доведе на позајмица, а Јунајтед е отворен за такво решение. Се очекува прва опција за десната бековска позиција да биде Диого Далот.

Ван Бисака има договор со Манчестер уште две години.

Се вчитува...