Кристал Палас се „поднови“ со шпански репрезентативец за 30 милиони евра

Крилниот фудбалер на Виљареал, Јереми Пино се пресели во премиерлигашот Кристал Палас за сума од 30 милиони евра. Клубовите веќе постигнале договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец.

„Жолтата подморница“ му понудила на 22-годишниот Пино продолжување на соработката, но неговата желба била да се пресели во Англија, и да игра во Премиерлигата.

Минатата сезона Пино одигра 34 натпревари, постигна 4 гола и имаше 7 асистенции. Пино шест години е дел од Виљареал, а во меѓувреме стана и шпански репрезентативец. За „Фуријата“ има одиграно 15 меча и постигнато три гола.

Се вчитува...