Кристал Палас се „распаѓа“, Ливерпул ја користи ситуацијата за екстра засилување

Еден од највозбудливите премиерлигашки тимови во изминатите сезони Кристал Палас во иднина ќе има потполно нов изглед по најавените заминувања на најголемите ѕвезди.

Марк Гехи е на прагот на потпис со Манчестер Сити, тренерот Оливер Гласнер кој го донесе најголемиот успех во клупската историја најави заминување на крајот на сезоната, а извесно е дека составот ќе го напушти и голгетерот Жеан Фелипе-Матета.

За Французинот најзаинтересиран е Јувентус кој веќе стапил во контакт со клубот околку потенцијален трансфер кој ќе се оствари само доколку Англичаните прифатат опција за позајмица до крајот на сезоната во обврска за откуп на договорот.

Покрај Јувентус за неговите услуги се заинтересирани и други клубови од најелитниот фудбалски шампионат во Англија, но засега не се водат конкретни преговори.

Се вчитува...