Кристал Палас се засили со хрватски репрезентативец

Хрватскиот репрезентативец и досегашен фудбалер на Ајакс, Борна Соса во иднина ќе го носи дресот на англискиот Премиерлигаш Кристал Палас. Левиот бек не се снајде најдобро во Амстердам, беше позајмен и во Торино и сега ќе игра во нова средина.

Соса во минатото беше дел од Штутгарт долги пет години, додека негов матичен клуб му е Динамо Загреб, од каде потекнале мноумината играчи на репрезентацијата.

Соса има 26 настапи за националниот тим на Хрватска, а има настапи и за младинските селекции на „коцкастите“. Хрватот потпиша тригодишен договор со англискиот тим.

Се вчитува...