Кристал Палас го очекува грчевита битка за опстанок во Премиер – лигата, а менаџерот Сем Алардајс успеа да доведе две значајни засилувања за тимот во зимскиот преоден рок. На „Селхурст парк“ дојдоа српскиот интернационалец Лука Миливојевиќ, играч од средината на теренот, како и Мамаду Сакхо, дефанзивецот на Ливерпул.
Миливојевиќ потпиша договор со Кристал Палас за наредните три и пол сезони, а досега беше член на грчкиот првак Олимпијакос.
„Лука Миливојевиќ е одлично засилување за нас. Очекувам со него да бидеме многу поквалитетни на средината на теренот, тој одлично ги користи двете нозе и е посебно квалитетен при дефанзивните задачи“, изјави менаџерот Сем Алардајс.
Мамаду Сакхо пристигна од „Енфилд роуд“ на шестмесечна позајмица до крајот на сезоната. Во Кристал Палас пристигнаа и Џефри Шлуп и Патрик ван Анхолт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА