Кристал Палас оствари сензационален триумф над лидерот и актуелен првак Ливерпул во последните моменти од натпреварот. Иако „црвените“ успеаја да стигнат до израмнување во финишот, сепак, домашните со втор гол во мрежата на Алисон успеаја да направат големо изненадување.
Сар уште во деветата минута ги шокираше избраниците на Арне Слот. Кристал Палас имаше предност се до 87. минута кога џокерот Федерико Киеза успеа да израмни. Киеза влезе на местото на скапопладениот Вирц, кој имаше уште една разочарувачка партија. Сепак, овој гол донесе многу полемики, дали Салах играше со рака пред Киеза да ја спроведе топката во мрежата. Сепак, тоа брзо се заборави откако Нкетиа донесе голема победа за Палас во седмата минута од судиското надополнување.
Ако Ливерпул избегна шок, тогаш не го избегна тимот на Челси. „Сините“ загубија на домашен терен од Брајтон со 1-3. И покрај тоа што водеа со голот на Енцо Фернандез, сепак, клучен момен беше исклулчувањето на Шалоба во 53. минута. Играч повеќе на теренот беше максимално искористен од гостите, кои со головите на Велбек, Де Кујпер и повторно Велбек, славеа убедлив триумф.
Убедлив триумф од 5-1 славеше Манчестер Сити против Барнли. Два автогола си постигна дефанзивецо Естеве, еден гол постигна Нуњеш, а два постигна Халанд. Антони го даде единствениот гол за Барнли.
Лидс и Борнмут одиграа интересен натпревар кој заврши без победник 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

