Кристал Палас ја продолжи фантастичната форма на стартот на сезоната со убедлив триумд од 0-3 на гостувањето кај Астон Вила во последниот натпревар од 3. коло во Премиерлигата.
Лондонскиот клуб го отвори натпреварот со голот на Матета од белата точка во 21. минута пред Геи да постигне фантастичен гол во 68. минута за двојно водство. Во 78. минута Сар го постави конечниот резултат.
За Кристал Палас ова е првиот триумф во сезоната откако во претходните два натпревари против Челси и Нотингем Форест бодовите беа поделени. Астон Вила пак со лошиот старт на сезоната е на 19. место на табелата со само еден освоен бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

