Кристенсен МВП, Клујбер најдобар стрелец на ЕП

Данската голманка Ана Кристенсен ја доби наградата за најкорисен играч на Европското првенство и покрај тоа што нејзината репрезентација беше поразена во големото финале во Виена од страна на Норвешка која го освои третиот златен медал во низа.

Кристенсен беше фантастична на голот на Данска предводејќи ја својата репрезентација до самото финале со импресивни партии. 24-годишничката беше една од најдобрите и во големото финале со десет интервенции, но тоа не беше доволно за Данска да го надмине најтешкиот предизвик досега.

Унгарката Катрин Клујбер покрај тоа што беше одбрана во идеалниот тим на шампионатот доби уште едно признание. Таа заврши како најдобар поентер реализирајќи 60 голови.

Се вчитува...