Кристенсен не се ни врати, а оди на нова пауза

Штотуку се врати на тренинзите по долга пауза, Андреас Кристенсен ќе мора да започне нова. Данскиот стопер го одигра првото коло оваа сезона и оттогаш е надвор од терените поради повреда здобиена на тој натпревар, а откако конечно се врати на тренинзите тој ќе мора повторно да паузира.

Овој пат го повреди стапалото на тренинг и ќе биде надвор од терените барем еден месец, потврди Ханси Флик. За Флик и тимот веќе стана вообичаено тоа што Кристенсен не е во составот, а се чини дека повредите за жал станаа составен дел од кариерата на Данецот.

Данскиот репрезентативец во каталонскиот клуб пристигна во 2021 година од Челси бесплатно. Исто така, се чини дека наскоро од Барселона ќе се пресели во друг тим, бидејќи договорот му истекува на крајот од следната сезона.

Се вчитува...