Кристијан Анастасовски за посилен Вардар (ФОТО)

Кристијан Анастасовски во новата сезона повторно ќе биде дел од македонскиот ракометен гигант Вардар откако пивотменот и скопскиот состав ја официјализираа соработката која го враќа на добро познато место.

Покрај за Вардар, Анастасовски настапуваше и за Работнички, Охрид, Анжер (Франција), Кастриоти (Косово) за Тиквеш чии бои ги брани оваа сезона.

„Чест и задоволство е да бидам дел од клуб каков што е Вардар. Таму ги почнав моите ракометни почетоци и среќен сум што сега повторно се враќам. Вардар е европски клуб со големи успеси зад себе. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу победи и успеси“, вели Анастасовски.

Се вчитува...