Кристијан Блажевски си замина од Шкупи, на Чаир дојде Португалец од петата германска лига

Продолжува хаосот во екипата на Шкупи, кога станува збор аз оваа сезона. Така тимот од Чаир направи уште една измена во играчкиот кадар. Еден играч замина, додека друг, кој доаѓа од пониските лиги на Германија го засили тимот за новата сезона.

Кристијан Блажевски, десниот бек и официјално си заминува од Шкупи, и се враќа во хрватскиот шампионат, во екипата на Лучко. Тој во минатото беше дел од ХАСК Загреб, Јарун и Дубрава, а во Шкупи дојде во јули минатата година од словенечка Крка.

Тимот од Чаир, пак, се засили со поргугалскиот интернационалец Рибеиро. Тој веќе одигра меч против Пелистер. Игра во средниот ред, има 24-години, и во Шкупи дојде од ТС Дортмунд, кој настапува во петата германска лига.

Се вчитува...