Италијанскиот второлигаш, Бреша, е сериозно заинтересиран за услугите на македонскиот фудбалер од редовите на Беневенто, Никола Јакимовски. Тој го носи дресот на оваа екипа од минатото лето, тимот се наоѓа на третата позиција во Серија Б и најверојатно ќе ги промени клупските бои оваа зима, поради недоволната минутажа.
Според медиумите од Италија, Бреша сериозно размислува да го ангажира Јакимовски во своите редови, а за него интерес постои и од швајцарскиот тим Лугано, каде настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
Стратег на Бреша е поранешниот кормилар на Милан, Кристијан Броки, кој го посакува Јакимовски во својот тим, а на радарот на клубот е и репрезентативецот на Словачка, Лука Крањц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА