Кристијан Ериксен се врати на терените – тренира со својот поранешен клуб Оденсе

Кристијан Ериксен приреди вистински шок во светот на фудбалот откако на Европското првенство колабираше поради срцев удар против Финска, а благодарение на брзата интервенција неговиот живот беше спасен. Поради проблемите со срцето данскиот фудбалер на Интер не смее да настапи во италијанско првенство, меѓутоа од Данска пристигаат добри вести.

Имено, Ериксен се врати на терените и тренира со својот поранешен клуб Оденсе. Како што велат од клубот, Ериксен сам побарал да биде дел од тренинг центарот на тимот, а овие со отворени раце го прифатиле неговиот предлог.

Се вчитува...