Тренерска смена во Бутел, Котески си замина

Кристијан Грчевски ќе биде замената за Игор Котевски на клупата на ракометниот клуб Бутел од Скопје. Котевски минатата сезона заврши одлична работа со новиот суперлигаш успевајќи да обезбеди пласман во ЕХФ купот. Сепак, од раководството на клубот од скопската населба одлучија во новата сезона да ги води Грчевски, кој досега работеше како  дел од стричниот штаб на Данило Брестовац во македонската репрезентација, а исто е помошник и во кадетската репрезентација за претстојното Светско првенство.

За младиот стратег ова ќе биде прва самостојна работа на клупа на македонски суперлигаш, а ќе има шанса самиот да се докаже и во ЕХФ купот во кој во второто квалификациско коло Бутелчани се поставени за носители.

Се вчитува...