Кристијан Наумовски и Шкупи повторно заедно (ФОТО)

Откако се раздели со четири фудбалери, Шкупи го потврди и новото засилување за преостанатиот дел од сезоната. Станува збор за искусниот голман Кристијан Наумовски кој се враќа во редовите на скопскиот тим.

Триесетипетгодишниот чувар на мрежата со богата интернационална кариера беше дел од чаирчани од 2020 до 2023 година по што изминатото лето реализираше трансфер во шампионатот на Брунеј каде настапуваше за ДПММ.

Наумовски кариерата ја започна во Работнички, а потоа бранеше и за Динамо Букурешт, Левски Софија, Пегасус, Биркиркара и Балзан.

Се вчитува...