Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски нема да може да смета на услугите на Кристијан Николов за престојните натпревари против Данска и Норвешка во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Бекот на Коњаспор заработи скршеница на палецот на десната рака кој ќе го оддалечи од теренот во следниот месец.
„За жал нема да бидам во можност да им помогнам на своите репрезентативни соиграчи на овие два натпревари. Имам повреда, односно скршеница на палецот на десната рака, тоа го потврдија и првите снимки. Во петок имам уште една лекарска контрола со која докторите треба да ја одредат дефинитивната слика и да почна со рехабилитацијата. Извесно е дека ќе бидам надвор од теренот во наредните четири недели. Ќе видиме понатаму, се надевам дека се ќе биде во најдобар ред. Ќе бидам најголем навивач на нашата репрезентација на средбите со Норвешка и со Данска. И се надевам дека ќе ја продолжиме успешната серија и во овој прозорец на патот кон евро-квалификациите“, вели Николов.
Подготовките за престојните средби против скандинавските држави започнуваат денеска во салата „26ти Април“ во Гевгелија. Првиот натпревар е во четврток против Норвешка, а вториот против Данска во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА