Кристијан Николов е еден од кошаркарите кои дадоа придонес во двојната круна на МЗТ Скопје, но репрезентативниот плејмејкер во следната сезона нема да го носи дресот на „металците“ откако не постигна договор за продолжување на кариерата.
Николов беше во потрага по нов ангажман во клуб каде би имал поголема минутажа и можност за докажување, во меѓувреме доби неколку понуди, а според последните информации тој има постигнато начелен договор со Еуро Никел за преселба во таборот на кавадарчани. Овој тим направи одличен успех со пласманот во финалето на плејофот сезонава, па со Николов и со уште неколку засилувања очекува да состави конкурентен тим за атак на трофеи.
„Металците“ се обидуваат да го убедат Андреј Магдевски да потпише нов договор, а покрај МВП-кошаркарот од финалето на плејофот желба на МЗТ Скопје е да го ангажираат и Американецот Ливингстон, кој имаше одлична сезона во дресот на Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

