Тренерот на Лајпциг, Кристијан Прокоп, ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Германија, потврдено е денеска од Германската ракометна федерација. На клупата на актуелниот европски шампион, 38-годишниот Прокоп доаѓа како наследник на Дагур Сигурдсон кој пак ја презема селекцијата на Јапонија.
Германската ракометна федерација пред официјализирањето на ангажманот на новиот селектор, имаше долги преговори со управата на Лајпциг, клубот со кој Прокоп има договор до 2021 година. Според информациите објавени во германските медиуми, за трансферот на Прокоп, Лајпциг добил 500.000 евра.
Прокоп доби петгодишен селекторски договор со важност до летото 2022 година. Тој официјално стартува од 1 јули, но новиот германски селектор своето деби на клупата ќе го има еден месец порано во квалификациските мечеви за ЕП 2018, со Португалија и со Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА