Кристијан Пулишиќ пристигна во Челси како огромно засилување, но не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“. За три и пол сезони поминати во „синиот“ дрес Американецот одигра само 53 натпревари, а сега се поврзува со трансфер во редовите на Лидс.
Таму треба да заигра во врвна форма за сонародникот Џеси Марш кој не ги крие желбите за соработка. 49-годишникот вели дека во Пулишиќ се крие голем потенцијал кој би сакал да го „допре“.
„За САД на Светското првенство се поставува едно големо прашање: Од каде ќе дојдат головите? Можеби одговорот е многу едноставен. Кристијан Пулишиќ. Искрено не го познавам, но сакам да го запознаам. Тоа го говорев и во минатото. Има многу потенцијал и навистина би сакал да соработувам со него“, вели американскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

