Кристијан Василевски останува верен на Бутел

Бутел Скопје продолжува со формирањето на ростерот за следната сезона во која ќе има големи абмиции. Еден од староседелците во клубот, Кристијан Василевски го продолжи договорот и ќе остане во тимот предводен од Кристијан Грчевски и во следните две сезони.

Кружниот напаѓач ќе ја игра петтата сезона во Бутел Скопје. Клубот претходно ги продолжи договорите со Младеновски, Стојановски, Мајиќ, Ѓоргиевски, Блажески и Јевтиќ. Екипата од скопската населба досега ангажираше и четири засилувања – голманот Чаневски, како и бековите Пулјзовиќ, Тот и Давитковски.

 

 

Се вчитува...