Кристијано доживеа големо понижување во својата Португалија

Кристијано Роналдо нема да биде среќен кога ќе дознае како гласале „неговите“ во изборот за Златната топка.

Португалскиот репрезентативец немаше добра година, па по првпат од 2010 година не беше во топ4 во изборот за Златната топка. Заврши дури на шестата позиција, а неговиот ривал Лионел Меси ја освои по седми пат.

Интересно е тоа што Роналдо не доби поддршка од својата земја, односно новинарите во Португалија гласале за играчи како Салах, Левандовски, Мбапе, Жоржињо и Канте.

Најмногу бодови Роналдо доби од Холандија, Киргистан, Мозамбик, Турција, Централноафричка република, Кајманските острови.

Но, тоа не беше доволно за нешто повеќе од шестото место.

Се вчитува...