Кристијано го „свитка опашот“ и потпиша нов договор со Ал Наср

Кристијано Роналдо долго размислуваше околу својата фудбалска иднина, Португалецот не го криеше разочарувањето по новата сезона со Ал Наср, дури и преку својот твитер профил ја најави разделбата од овој клуб… за неколку дена подоцна да се премисли и сепак да потпише нов договор со тимот од Саудиска Арабија.

Информациите од Ријад говорат дека Роналдо ги минал последните денови во интензивни преговори со клубовите кои во изминатиот период покажале интерес да го доведат во своите редови. Приоритет му било настапот на претстојниот клупски мундијал, но ниту еден од европските тимови (што била прва желба на Португалецот) не покажал соодведетен интерес за негов ангажман, макар и на едномесечен договор).

Следеле разговори со Видад Казабланка од Мароко, како и со два клуба од Бразил, но финансиските понуди на овие три екипи биле далеку под очекувањата на португалската суперѕвезда.

Откако увидел колку понудата од Саудиска Арабија финансиски е супериорна во однос на сите останати, Роналдо го „свиткал опашот“, повторно седнал на маса со челниците на Ал Наср и го потпишал новиот договор што би требало да биде официјализиран во следните 48 часа.

Се вчитува...