Кристијано ја затвори вратата: Не гледам зошто би се вратил во Спортинг…

Кристијано Роналдо ја почна својата фантастична кариера во дресот на Спортинг Лисабон, португалската легенда пред потписот за Ал Наср беше поврзувана со камбек во клубот од детството, но Роналдо со последната изјава јасно стави до знаење дека не планира повторно да игра клупски фудбал во татковината.

Договорот што Кристијано го има со Ал Наср истекува на крајот од оваа сезона, но се поизвесно е дека португалскиот ас ќе продолжи да настапува во Саудиска Арабија, во обид да стигне до бројката од 1.000 голови во кариерата.

„Јас сакам да ги гледам натпреварите на Спортинг, тоа мој клуб, но никогаш не сум размислувал за враќање таму. Медиумите пишуваа различни работи, но за мене тоа нема смисла, точно е дека кариерата ја почнав во Португалија, но јас нема да се вратам таму. Да не ме разберете погрешно, не го велам ова затоа што португалската лига нема квалитет или јас не ја почитувам, туку едноставно се си има свој рок на траење. Јас најискрено говорам кога велам дека никогаш не сум помислил да се вратам во Спортинг“, изјави Роналдо.

Се вчитува...