Кристијано Роналдо пред една година стана најплатениот фудбалер на светот откако се одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија каде потпиша договор вреден 200 милиони евра.
И покрај најавите дека ќе остане во Европа, со него замина и неговиот син, талентираниот Кристијано Јуниор кој пак често е на удар на неговите врсници во Саудиска Арабија. Синот на популарниот фудбалер настапува за младинските категории на Ал Наср, а на социјалните мрежи сега се појави и видео „пресметка“ на тамошен натпревар.
Младо момче помина покрај Кристијано Јуниор провоцирајќи го, а овој во стилот на неговиот татко му порача да замолчи и потоа ја стави раката на неговото рамо со цел да го смири. Сепак момчето не го прифати овој потег, ја тргна неговата рака и продолжи да го провоцира младиот Португалец.
جونيور مع احد اللاعبين 😨🔥! pic.twitter.com/UDTRv72mO1
— بيان النصر (@ByanNassr) December 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

