Каков татко – таков син! Кристијано Јуниор има само седум години, а веќе сигурно чекори по стапките на својот татко, Кристијано Роналдо.
Најстариот син на ѕвездата на Реал Мадрид ја има харизмата на својот татко и неверојатна самодоверба. Малиот Роналдо стана хит на социјалните мрежи со неговата фотографија од теретана, вежба и сака да стане како својот татко.
Кристијано Јуниор е редовен придружник на неговиот татко на фотографиите на Инстаграм. На последната Роналдо го сподели предизвикот што му го презентирал неговиот син.
„Јуниор ми вели…„Тато, сакам да бидам како тебе. Што мислиш ти?“ – пишува Кристијано Роналдо за прашањето од својот син на фотографијата на која Кристијано Јуниор е во слична поза како неговата кога слави постигнат гол.
Фотографијата на амбициозниот Кристијано Јуниор за еден ден „собра“ 6 милиони „лајкови“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА