Кристијано Роналдо е подготвен повторно да дојде во Македонија и да го посети Скопје, градот каде како член на Реал Мадрид пред година и половина го крена пехарот во Супер-купот на Европа.
Оваа информација вечерва ја објави првиот човек на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, откривајќи дека постигнал договор со португалската суперѕвезда за нова посета на нашиот главен град.
„Конечно, после 9 години прифати да биде гостин на ФОН универзитет… Наскоро… најдобрите на едно место …“ – напиша Цаноски на својот фејсбук профил.
Повеќе детали околу датумот на доаѓање на фудбалскиот ас се очекуваат во следниот период.
За Кристијано Роналдо ова би било трета посета на Скопје, по настапот со младинската португалска репрезентација против Македонија во јуни 2003 година, како и мечот од Супер-купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед што се одигра во август 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА