Кристијано Роналдо донесе одлука кога и каде ќе ја заврши кариерата

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо му соопштил на раководството на Ал Наср дека има намера да ја заврши кариерата во редовите на овој клуб. Тој е под договор до 30. јуни 2025 година и тоа би можело да биде датумот кога ќе заврши една од најголемите кариери досега во историјата на фудбалот.

Роналдо и по одличната партија и двата гола против Ал Ахли испрати силна порака до сите во светот на фудбалот.

„Сакам да постигнувам голови и да победувам. Сакам да го правам ова додека нозете не ми кажат дека е доста. Велат дека Роналдо е готов, но јас продолжувам да им докажувам дека грешат. Уживам во фудбалот и најважно е тимот да победи “, изјави Роналдо. 

Роналдо оваа сезона одигра седум натпревари за Ал Наср и има седум гола и пет асистенции. Вкупно одигра 26 натпревари во дресот на саудискиот клуб.

Се вчитува...