Бојкотот поради незадоволство со засилувањата во својот тим донесе гласини за заминување на Кристијано Роналдо од Саудиска Арабија.
Легендарниот фудбалер сепак сепак сега јасно стави дознаење дека неговата иднина останува во Ал Наср.
„Припаѓам на Саудиска Арабија. Сакам да продолжам тука. Ова е земја која ме пречека мене, како и моето семејство, моите пријатели. Среќен сум тука и сакам да останам тука“, изјави Роналдо по триумфот на својот тим против Ал Хазен.
Роналдо постигна два голови на последниот натпревар за својот тим и се приближи до магичната бројка од 1000 голови. За овој неверојатен успех сега му остануваат само уште 36.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

