Кристијано Роналдо може да се најде под истрага на италијанските власти за „случајот Јувентус“ кој трае од петокот, а детално се прегледуваат сметките, извештаите и клучните луѓе во трансферите на фудбалери одработени последните неколку години.
Станува збор за 42 трансфери за кои се сомнева дека Јувентус намерно ги менувал вредностите со цел да го запази финансискиот фер-плеј. Португалскиот ас пристигна во Торино во 2018 година па и самиот може да подлежи под детална истрага, пренесуваат италијанските и британските медиуми.
Фокусот на Кристијано Роналдо е во неговата заработка за време на пандемијата на коронавирус, а истрагата се очекува да навлезе и во отпремнината која ја добил од страна на Јувентус пред заминувањето во Манчестер Јунајтед.
Медиумите во Италија пренесуваат дека постојат снимки од телефонски повици на директорите на Јувентус во врска со документи кои теоретски не треба да постојат, а се поврзани со еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА