„Кристијано Роналдо е идеално решение за Челси, со него ќе дадат 700 голoви“

Кристијано Роналдо ова лето би можел повторно да ги промени клупските бои. Тоа е воедно и желбата на португалскиот ас кој преферира да продолжи да бори за рекордот на постигнати голови во Лигата на Шампионите, а не на 37-годишна возраст да биде дел од „ребилдингот“ на Манчестер Јунајтед.

Гласините го поврзуваа со неколку европски великани од Англија, Шпанија, Германија.., а за легендата на Арсенал, Пол Мерсон Португалецот е идеално решение за стилот на игра на Челси.

„На Челси му е потребен напаѓач. Тимот ги има двата најдобри бекови во светот, можеби и третиот откако го купија Марк Кукуреља. Тие играат високо, а не како Манчестер Јунајтед кој започнува од средината. Роналдо во Челси не треба да трча, само да стои и да чека нафрлување. Збориме за еден од најдобрите реализатори во светот. Со него ќе дадат 700 голови сезонава. За мене тој и Челси се перфектната комбинација“, вели Мерсон.

Се вчитува...