Кристијано Роналдо, на некој начин, го бојкотираше изборот на најдобрите според ФИФА, свесно испраќајќи порака дека не сака да биде вклучен во изборите со кои не се согласува.
За најдобар фудбалер на светот за 2024 година, како по обичај гласаат капитените и селекторите на националните тимови, кои се одлучија оваа година признанието да му го доделат на Бразилецот Винисиус Жуниор.
Но, Кристијано Роналдо, иако капитен на Португалија, не гласаше препуштајќи ја оваа одговорност на неговиот заменик, Бернардо Силва. Добро е познато, дека Роналдо изминативе години постојано го нагласуваше разочарување од изборот на номинирани играчи, поради што не гласаше за „Златната топка“.
Повторно не гласаше и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, кој уште пред три години почна бојкот на овој избор на ФИФА поради недоволното признавање на успесите на хрватските фудбалери, посебно по освоенето трето место на Светското првенство во Катар, кога хрватската репрезентација не доби соодветна почит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА