Кристијано Роналдо игра во извонредна форма во последните два месеци, но Зинедин Зидан нема намера да ги користи неговите услуги на претстојниот дуел со Лас Палмас во рамките од Примера дивизион. Тренерот на Реал го одмори својот најдобар играч на неколку гостувања во Примера, а трендот ќе пропушти и по репрезентативната пауза.
Како што информира весникот „Марка“, на Роналдо веќе му е кажано дека нема да патува со тимот на Канарските острови, се со цел свеж и максимално подготвен да го дочека дуелот со Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
За очекување е шанса во стартниот тим против Лас Палмас да добие Иско, кој ретко добива место во првите единаесетмина на Реал, но затоа беше брилијантен за Шпанија на дуелот со Аргентина, на кој постигна хет-трик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА